Saturday, March 31, 2012

Денес ми фалеше повеќе од било кога!


Пролет, убав ден, исполнет со сончеви зраци насекаде... провираа низ дрвата, се протнуваа низ високите згради и пробуваа да ги огреат насмеаните лица на луѓето. Таа веќе не беше тажна, баш напротив шеташе со насмевка на лицето, задоволно играјќи си со сонцето. Впрочем сонцето секогаш мамеше насмевка на нејзиното лице, поради меѓусебната љубов што ја делеа.. таа го љубеше сонцето, насмеаните лица околу неа и најмногу пролетта.
Но, не можешеа да не мисли на една од најбитните личности во нејзиниот живот, која не беше до неа! Не можеа заедно да му се израдуваат на сонцето, на пиењето пиво во паркот, утринското кафе со цигара кај неа на тераса кое ги развеселуваше и двајцата и многу други работи кои што не  едека не можеше сама да ги прави, но сакаше со него! А што е најтажно никогаш не беа заедно за нејзиниот а и за неговиот роденден, којшто воедно беше во пролет.
Овој пролетен ден таа реши да биде сама, шетајќи покрај кејот на блиската река и секавајќи се на сите работи што ги проживеале заедно. Како до пред десетина години не се сакаа, а беа заедно уште од пелени благодарение на нераскинливото пријателство на нивните родители и секако упорноста на нивните мајки, кои што секогаш знаеа да ги смират страстите и караниците кога тоа беше потребно... Да не беа тие најдраги човечки суштества во нивните животи, можеби и никогаш тоа немаше да прерасне во пријателство со поголема близина од брат и сестра . Да, тој и беше брат од друга мајка, со друга крвна група, со сосема различен карактер и сфаќања од нејзините. Тој беше толку тврдоглав, инаетлив и мораше секогаш да е во право, но воедно полн со разбирање кон неа, можеше да ја слуша како се жали, всушност најчето се радува, за работи кои за него беа глупости и секогаш знаеше да каже, полека земајќи дим од цигарата која што во најголемиот дел од времето гореше во неговата рака:
"многу си ми смешна вака, се радуваш на глупост, ама интересна си.. рипкаш ко мајмунче и сите комшии те слушаат!"
затоа што како што кажав, се разликуваа во се, дури и во работите што ги радуваа. Но, имаше една работа што и двајцата подеднакво ги радуваше, неговото пристигнување во Скопје.
Продолжи да пешачи, сеуште сеќавјаќи се на сите глупости правени заедно, на сите смеења додека не можеа да земат воздух, дури и на неговите некогашни плачења кај неа на тераса, пред никој не плачеше само пред неа.. а она не плачеше ни пред него, не сакаше да изразува чувства за разлика од него, кој што ќе и кажеше дека ја сака и ќе ја гушнеше, само колку да си знае. А она нели, знаеше да се сврти и да му каже: "Престани да бидеш патетичен, лигуш еден!"  никогаш тоа не го сфаќаше како навреда бидејќи знаеше дека она така ја изразува љубовта!
Имаше и караници и препреки во тоа долгогодишно пријателство, најчести сите тие се случуваа пред он д аго напушти скопје, не знаеа како да се збогуваат никогаш, дури ни сега кога пораснаа и кога знаат дека ќе се видат за скоро, ако ништо друго и ќе се слушнат. Но не, како што поминуваше времето, како што растеа се потешко им паѓаше разделбата.
И денеска он и фалеше повеќе од било кога во изминативе месеци, и фалеше само за да ја гушне и да и каже дека ја сака.. и си ветуваше сама на себе дека ако од некаде дојде и го стори тоа нема да го нарече лигуш, туку баш напротив ќе му врати со иста мера, ќе направеше за него нес, за неа турско и ќе седнеа кај неа на тераса ќе збореа додека не зајде сонцето, па потоа додека повторно не изгрее.. ќе отидеа до блиската фурна ќе купеа за јадење и сеуште непрекинато ќе зборуваа за се и сешто, ќе навлагаа од тема во тема, бидејќи нивниот разговор никогаш не пресушуваше.. Денес и фалеше повеќе од било кога, бидејќи сакаше да го гушне најсилно и да му го честита роденденот, таа надеж дека ќе се појави од позади неа, полека гаснеше, како што гаснеше и последниот зрак од сонцето.. Зема пиво, седна на нивната клупа и пиејќи го пивото голтка по голтка се враќаше, во сегашноста, во реалноста колку и таа да не и се допаѓаше...