Капките од тушот полека се
слеваа по нејзиното тело, ја галеа нејзината мазна кожа.. кожа, која што беше
насекаде одбележна од него, од неговите бакнежи и допири, како да се беше
потпишал насекаде. Секое делче и враќаше спомени на некогашното време поминато
заедно.. се створи една мала кнедла во нејзиното грло, насетуваше дека солзите
ќе почнат да се слеваат на нејзиното лице, но како за чудо не се случи тоа.. таа
се насмевна, се насмевна од се срце мислејќи на него, кнедлата од грлото
исчезна, нејзиното срце скоро да се стопи од надојдената топлина со која што се
исполни.
На момент помисли: “Го
преболев, штом повеќе не плачам на помислата на него.”
Но не, и самата беше свесна
дека е сеуште рано за тоа.. баш напротив
таа сеуште го сакаше со сета своја душа и со љубов се сеќаваше на убавите моменти
поминати со него. Знаеше дека никој нема да ја љуби како што ја љубеше тој,
така страсно, долго и бурно. Знаеше дека и тој сеуште ја сака со иста мера како
што го сака она, но во овој момент престана да и биде криво што не се заедно,
престана да моли да се врати тоа преубаво за двајцата време, престана да мисли
на него како на некој што ја повредил, бидејќи тој во ниеден миг не го стори
тоа.. не се повредија, не престанаа да се сакаат, едноставно се разидоа, не
беше правото тоа време за нив.
Тушот продолжи да ја полева со
врелата вода, а таа среќно и задоволно се смешкаше, со надеж во очите и во
срцето дека некогаш ќе го најдат правото време да бидат заедно продолжи да се
сеќава на нивното непрестано љубење. Таа нивна љубов која и двајцата се надеваа
дека некогаш повторно ќе најде начин да ги спои.. и тогаш, тогаш ќе се љубат
уште подиво и пострасно од било кога!
You and I will always be unfinished business!
ReplyDelete